цел (прид.) - нареден (прид.)

Ќе се исплачеше за тоа колку е несреќен во животот, колку лоши работи му се случуваат секојдневно, колку е несреќна ѕвездата под која се родил, потоа ќе заспиеше невино како бебе, а мене ќе ме оставеше будна целата наредна недела.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Хрисостом и Карер беа прогласени за „Праведници меѓу народите”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа состојба потраја целата наредна година и повлекувањето, потоем и капитулацијата на Германија значеше конечен пад на каменот од срцата на митрополитот, на градоначалникот, на 275-те Евреи и на нивните смели домаќини од внатрешноста на Закинтос. Кога три години подоцна беше формирана новата израелска држава, еврејските семејства од Закинтос заминаа за Израел.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)