цел (прид.) - наш (прид.)

Со еден збор, Организациата сака да направи од целиот наш народ војска, аскер, послушен кој утре ќе се дигне и наоружан ќе и нападне. сете турцки уќумати, ќе и исколе сете мудури, кајмаками, валии и паши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
A сами вие кумитите, сигурно ваа работа не можите да а свршите. Како и сам шо гледаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе длабоко се замисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само така ќе а постигнеш и ти твоата цел — ќе го ослободиш и наше Мариово, а ќе помогнеш да се ослободи и целата наша Македонија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Целиот наш образовен систем одеше и оди кон тоа да фабрикува души подобни само да слушаат, да фабрикува човечки материјал според принципот: толку е подобар колку што е полош.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Те молам да запаметиш, во текот на целиот наш разговор, дека можам да ти нанесам болка во секој момент и до кој степен сакам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Знаеш ли ти дека во целиот наш јазик постојат само дванаесет рими на „ог“ ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веројатно, според едни искажувања, има 3 - 4.000.000, или приближно колку што има целата наша земја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Онаа што сакам да го сугерирам е: за смислено да интерпретираме дадена ситуација ние повикуваме стотици шеми од нашето „множество на шеми” и дека искуството собрано преку целиот наш живот, вештините и општото знаење, нашите сеќавања за различни случки, може да е кодирано во таква лична „енциклопедија” од илјадници шеми, збогатена и од вербалниот домен за да инкорпорира и репрезантации на акции и перцепции, мотиви и емоции, лични и социјални интеракции и на крај, на јас-ството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ова е промена што се провлекува низ целата наша култура, промена која значи оддалечување од облиците и навиките на печатена страница, во правец на “terra nova”, промена речиси во целина водена од електронските комуникации.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Иако не го гледав, чувствував дека татко ми е збунет и дека во целата наша несреќа со мајка ми, никому не му падна на памет - во тоа, што јас ја изнесов Ели од сета таа стравотија, што паѓаше и се уриваше, да гледа некакво посебно јунаштво.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како што рековме, овие денови ќе ти се платат по два трудодена, а да не зборуваме за тоа дека со ова ти ја задолжуваш и целана наша Задруга, а исто така и социјалистичкиот напредок на нашено село.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Плетенката, докторе Ференц, беше гордост на целата наша чета.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И нека е проколнат и за навек омрзнат и казнет оној што се одродил од народот, секој подлец што предавнички му пришол и му служел на непријателот и го оцрнил името на борбата и слободата што еден ден ќе грејне над целата наша земја ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Добивме наредба да го нападнеме Прилеп. Целата наша дивизија стигна во селото Ореово.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
КАКО ДА СЕ ПРЕПРАВАМ ВО СЕЛАНКА
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)