цел (прид.) - нивен (прид.)

Исто така се известува дека и железничкиот мост на реката Вардар кај Велес бил уништен, „а дека железничката пруга Градско-Скопје е прекината и железничките прагови се пресечени со механички плуг и мостовите се уништени по целата нивна должина од Хуните“,284
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сега наеднаш беа застанати сите, застанувањето беше како еден единствен грч во целата нивна низа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За миг затворам очи и во мене се преселуваат тие празнувања со сѐ луѓе и целата нивна радост.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега дивокозите го пречекуваа денот. Една цела нивна поворка, една поворка можеби од единствените животинки од оваа земја, што така грижествено и заеднички му се потчинуваат на тој ритуал на огрејсонцето, се капеа во неговата руменина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Меѓутоа, како и целата нивна генерација, неговите родители едноставно не забележуваа дека ветровите на промените почнаа да дуваат од исток наместо од запад и дека системот во кој тие двајцата ги проживеале оние години до кои тој стигна веќе на големо се распаѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Всушност, би требало да се спушти прозрачна ткаенина или средна завеса, на која целата нивна група би била насликана со точно повторување на позите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)