цел (прид.) - растреперен (прид.)

Јас уплашена, целата растреперена, се губев, ни збор да изустам, дури и здив не можев да фатам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа целата растреперена ги држеше очите на прстот за да види каде ја боцнал.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Мамо?“ Целата растреперена од страв, таа стана и постојано подвртувајќи се, со лизгање на раката по ѕидот, излезе од својата соба во ходникот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)