црвен (прид.) - дамка (имн.)

Но во детството тој веруваше во легендите на својата земја: езерските пастрмки имаа црвени дамки на крлушките од крвта на ослепените очи на Самоиловите војници; во некој бунар тропаше срцето на светецот Климент; Крале Марко со една рака дигал биволска запрега за да им го покаже на јаничарите патот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од тој род сум и јас и мојата сестра на која, кога наполни 14 години, на челото ѝ се појави црвена дамка, и почна да пее чудни песни низ кои, оние што ја слушаа, гледаа зелени долини, високи планини, чудни храмови и зданија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Целиот беше крвав. Лицето и белата брада му беа испрскани со црвени дамки, како да прележува сипаници.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Аким Шијак и ја сврти кон него црвената дамка зад левото уво што ја носел од раѓање, уште од мајчина утроба кога идната леунка украла грозд од туѓо лозје и го казнила синот да носи до крај на животот белег за нејзиниот грев.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше со еден тенок, лесен фустан, колената пред мене не ѝ ги покриваше. Оние црвени дамки на лицето ѝ светнаа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Околу таа црвена дамка само уште денес, и можеби најдоцна до утре, ќе се збираат неизлечивите љубопитници: ќе стојат со рацете во џебовите и одвреме-навреме со малку смртна трема ќе погледнуваат угоре обидувајќи се да го измерат тој пат на ужасот од работ на терасата па сѐ до врвовите на нивните чевли, и притоа ќе се трудат да останат на разумна оддалеченост од грдите белези на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На Катерина ѝ реков дека во слаткарницата дознав за смртта на еден мој познајник. (Забележувате: не го употребив зборот пријател).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа постојано пред очите ми беше црвената дамка на бетонот. Големата точка, како што се изрази Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога на Александар би му било така многу жал, можеби малку би смекнал.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сакам да го видам Дејан како рипнува од ужасната глетка - јас со големи очи, потечена во образите, со огромна црвена дамка сред лицето и поглед кон коленото ­- како ги отвора ширум очите и устата и ме носи кај сестрите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„И не заборавајте: девојките црвени дамки од пастрмки носат под костените на дојките“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дури и се мешаат, па има бел цвет со црвени или со жолти дамки, а може и жолт со црвени дамки, а семето е како црни топченца.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)