црвен (прид.) - кошула (имн.)

Погледни! Црвената кошула е мокра, но сепак сјајна од спектарот на солзата, што умира тркалајќи се по нерамниот пат...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Надвор снежи а ти влегуваш облечена Во твојата црвена кошула Ги отвораш ноќите и потоа седнуваш Покрај огништето: догоруваат нежните стебленца на нашата цреша Ти се стискаш во мене, полека заспиваш И пред сонот ми велиш: - Гледај, црвена бубачка умира во пепелта.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Земја во која комбинацијата на црвена кошула, жолти панталони, зебрасти чевли, кравата во „тигрест” фазон и виолетови гаќи со портокалова шрафура, не е знак за евентуален невкус.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Земја, во која напорно работиш во фабрика за трактори и размислуваш за дизајн на луксузни сервиси за доручек - од пластика.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Твојата црвена кошула оган е кој ја осветлува есенската ноќ на еден туѓинец кој и во својот сон со зборови ја рисува својата малечка татковина која еднаш беше негов голем затвор...
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Личеше на трупец во искрпена црвена кошула.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таа беше една од поретките икони на која немаше напишано ништо: Пепел, меч на светец во црвена кошула и жолта птица која слетува врз пепелта.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)