црвен (прид.) - крпа (имн.)

Мајка му на Димка се искашла и бришејќи го испотеното чело со црвена крпа богомолски зареди: - Жени, за дигање на црквичка што ни ја наречува мајката божја да придадеме по некоја паричка. Еве јас прва.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ја завлеков раката в џеб и ја извадив црвената крпа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Извади од џеб црвена крпа и ми ја подаде. Ја познав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)