црвен (прид.) - топка (имн.)

Човекот ја однесе чизмата во фабриката на крај град, а таму чизмата ја стопија и направија од неа голема и црвена топка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Летото некако полека изминуваше, во стопанството сите поврвнини со житарици одамна беа голи, суви и жедни, доматите сѐ помалку и помалку имаа црвени топки, листот на пиперките подгоруваше, денот иако намален, пламенот на сонцето сѐ посилно гореше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можеби ќе сонам: дедо ми навистина ми ја купува големата, црвена топка. 2.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Пред да заспијам, пресметав како ќе го проведам утрешниот ден: ќе ги најдам децата и ќе им ја вратам црвената топка, потоа ќе го вртам глобусот пред очи и ќе отпатувам на север кај Ескимите.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Еве го и глобусот што ми го даде човекот со окалки и со чадор под мишка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Тогаш стаклото на нашиот прозорец прсна на илјади парчиња и во собата, пред нозете на мојот дедо падна голема, црвена топка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)