црвенокос (прид.) - човек (имн.)

Еден црвенокос човек, загледан во врнежот, но со дланки кои веќе не се прежилени од ноктите, туку полн со некакво благо одврзување, отпуштање, додека здивот полека му се смирува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стоеше на прозорецот, низ кого денот ги процедуваше своите малукрвни, придушени одблесоци во неговата одајка, по ноќта, чија што црна темничина ја разнесуваа на парампартали оние гладни завивања на дивината, пробивајќи се при тоа и во неговиот сон, а сега поминуваше со дланките по рамениците, што му беа тврди, еден огромен, црвенокос човек, а врзан во таа зачмаеност; секоја нишка од неговите мускули, навикнати секој ден да го имаат она живо оптегнување и да просребруваат притоа сега беше останата да изумира во таа самота; секоја негова мисла, навикната постојано да ја има во себе смислата на она, што го работеше, сега, кога немаше што да се чини и на што да се мисли, остануваше пуста, како катче полно застојаност и пајаџина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Продолжуваше да стои на прозорецот, со ноктите вкопани во дланките, со прежилени тупаници, еден црвенокос човек, како врзан во тие ѕидови, сосема сам со себе си без потреба да се помрдне, а тоа во него беше како вик како врескање во таа сонлива белина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)