црн (прид.) - бор (имн.)

Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И над сето тоа наш рој од желби: пламењето од сите ридишта ветрот да ги наведнува во поклон и врз вдлабнатите гробови крстовите од црн бор и бела бреза да болскаат во пурпур, а пламењето на Грамос да имаат круни и секој од гробовите да има лик на крал...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во Прилеп учесниците во акцијата „Младите за здрава природна средина“ на локалитетите Песјобрци и Алинци засадија садници црн бор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Над илјада ученици од основно и средно образование во Македонски Брод изведоа масовна акција за пошумување на голините и ерозивните терени засадувајќи на 20 хектари садници бел и црн бор.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Четири илјади учесници засадија пет илјади садници црн бор, чемпрес, кедар и багрем.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)