црн (прид.) - ветер (имн.)

Да не беше овој црн ветер кој сега безмилосно пустоши низ мене и јас, како и Кафка, ќе помислев: не паметам време во кое некогаш бев жив...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Во тој предел пустошат ветровите на Мандељштам.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Ќе паѓа и црн дожд, и црна магла, и црн ветер ќе дува, и црно сонце ќе грее, и црна трева ќе расте, и црни цутови ќе цутат, штом чадот не запира...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На коњот сѐ уште стои неодврзано седлото на императорот сосе попрази и сосе узенгии, и голем свиток стои во торбата - испишан со ракопис на Хадријан - sacra populi lingua est.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Добро знаел Хадријан дека има еден црн ветер кој доага од една густа дамнина и кој никогаш не може да го стигне - животот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
В сон ме проголнува некој црн ветер, В крв мисе насели `ржење на гладна глутница низ снегот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во тој предел еден црн ветер расфрла ветер пренесува ветер таму ветер го однесува некаде и донесува ветер. ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)