црн (прид.) - површина (имн.)

Фотографии од младоста, предмети со лична важност, пишувани забелешки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На црното поле на сликата растурени се чаури од муниција, распрскани делови од метална макета на храм, шрапнели, црвени перли, бисери и зрна пченица. Можно ли е тоа да прор’ти? okno.mk | Margina #11-12 [1994] 199
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Втиснувајќи смачкана конзерва на кока-кола во густиот нанос на црната површина на сликата, Џарман не само што го згмечува консументскиот симбол, туку и неговите долго-години стекнувани конотации на ликовен симбол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Можеш ли да му ја поматиш верноста кон земното, додавајќи знак по знак откривајќи ги срамните делови на твојот систем загадочниот метод небесниот свод- дом за да може да оди по истиот пат и да стига до истата цел човекот, оној кој над црната точка стрепи по сличното, од различното стрепи спојува еден со друг: еден и еден, два со два, седумдесетидва името го дели на четири елементи – I.H.V.H. тетраграматонот го врти, го враќа ред по ред реди вистината на скрбта ја учи завист и суета, суета и завист сѐ е бесценет камен, а број свет и сила равенката меѓу нив се припикнува како вода меѓу шуплинките во карпата како зрак во мрачна капела бели точки на црна површина поделена на две: еднооко човече дворог Пан троока нимфа четириаголен круг пирамидална петка црно на црно расфрлан, разигран Ум на Светлоста Умна светлост.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)