црн (прид.) - птица (имн.)

Од највисоката гранка на белата муренка црната птица уште еднаш ги пребројува мртвите тела кои пловат по маночо и живите рани обложени со вистински воздишки.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Во водата, до самата куќа, јато црни птици дрско вртат со главите на високите непријатни вратови. - Норови!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
По небото леташе црната птица, по полето трчаше девојче и мавташе со рацете: - Пеперутка! Пеперутка! - Кај ќе ја фатиш! - се смееше мајката.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прозорецот го симнаа - ветрот ја поддувнуваше белата завеса во куќата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Да ги гледаш белите коленици на перачките, џандарите на прошетка што застануваат покрај нив, да ги гледаш војските – кој без капа кој без колан кога се враќаат дома од насока на гробиштата, од насока на оние безброј бигорни крстови врз кои колваат некои црни птици...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Па и онаа драма на тоа дете, доживеана на парчето лединка на почетокот од ниската шума над Маказар, кога на Зара, тогаш крупна убава девојка, возрасна, седната со поттргнат фустан, ѝ ја виде црната птица меѓу нозете.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Луѓето тој кос го сметале за кобник - не поднесувале црни птици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Косот сепак ја разбрал и пркнал безгласно кон куп танкостебли дрвја; во окото му се топело грутче сончево злато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но гавранот научи во своите сто години како треба да се чува од појаките; уште пред да се доближи човекот, црната птица ги рашири крилјата и се изгуби.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја прашувам црната птица на мракот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Ми вели Црната птица и се смее.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Од лозарското искуство тој знаеше дека црните птици секогаш се гладни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Првпат криковите на црните птици беа осамени во просторот, реско ја засекуваа тишината, кобеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бае којшто бае, Трансибирската остана да ви лета како црна птица во белината на сните, како што ветрот ви остана единствен патоказ напред, кон бистриот извор на детските мечти.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Белиот лебед, покрај вообичаената свита со други бели машки лебеди и женски лебеди со кафеаво перје, но со помалку нагласена убавина, го следи норот, малечката црна птица, која мошне брзо и вешто се нурнува, останувајќи долго под вода.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)