црн (прид.) - стебло (имн.)

И само што помисли да стане и да провери да не се случува нешто од источната страна на плевната, онде, меѓу црните стебла на јаболката како да забележа движење.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Чекореше колку што можеше побргу, притаен, кон тоа црно стебло, мислејќи дека ќе биде неминовно да го има пред себе токму него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Замелушен од тешкиот, сега јасен жиг на настанот, од планинската самотија, од неизвесноста, се чувствуваше како ненужно црно стебло на нечиј пат.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)