црн (прид.) - чизма (имн.)

Децата на плоштадот и кај Дивизијата им ги светнуваа црните чизми и тие потоа маршираа по корзото, гледајќи по раскикотените девојки кои минуваа две по две, ангаже, и под око ги подгледнуваа високите и стројни офицери.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На мојата плотност, на мојата црна наметка и црните чизми чии чекори пробивно одекнуваат врз студениот под на храмот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше сјајно црна, со сребрени копчиња и со сребро оковани петици на црните чизми; прилегаше како некој од темна маглина да одрежал раце и нозе и тело, со бледи ѕвездички што проблеснуваат низ неа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Црни кошули, црни чизми, црни сатенски панталони.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Палата, дами во сатенски фустани и нивните избраници во војнички униформи и беспрекорно исчистени црни чизми до колена.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)