чист (прид.) - душа (имн.)

— Еееј! — си рече тој во младата, чиста душа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имаше чудесно блага и чиста душа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Недопрена чиста душа, примање енергија и создавање моменти на среќа и пријатен живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
На крајот од се гледаме колку е убаво да се живее, да создаваш вистински чувства и со љубов да си ја храниш душата.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој беше спротивставен на метафората на чистата душа, чистата крв, на чистилиштето, на чистите народи, на чистите јазици, на с што не можеше докрај да биде чисто.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпосле нашол некој младич кој по сѐ му личел на ангел: бил личен, убав и со чиста душа. И го зел за модел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
При градењето пак на храмот Соломонов, секакви ајљази сакале да ги дознаат тајните и без труд и без знаење да стигнат до мајсторската титула и го убиле Хирам, една не само чиста душа, туку и најголем уметник, главен раководител на работите на изградбата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веројатно затоа и реши најпрвин да се одмазди, за потем со чиста душа да може да му се предаде на својот Бог.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас му реков дека не верувам дека мене ќе ми се укаже такво нешто, оти тоа треба да се заслужи, со чиста душа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нежно како чистата душичка на малата Јаглика.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Му беше тешко, бараше некого со чиста душа, да му каже сѐ за тестот и за себе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ете, гледаш, сакав да го закопам во дворот на манастарот под голем и бел крст од камен.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Црквата ги величи зашто сама ги создала и ги хранела со иудашки сребереници од нејзината азна, а државата без срам се гордее со кодошлакот, шпионството и одродништвото и како пример на храброст за дечињата уште првиот ден на пречекорување на прагот од градинката, во нивните чисти души го истура отровот на отуѓеноста од родот и во тефтерите ги запишува со грчка пена. 3 ***
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ми се чини дека нешто расцветува во нејзината чиста душичка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нежно како чистата душичка на малата Јаглика.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)