чист (прид.) - крпа (имн.)

Во водата натопи чиста крпа, ја извади со лажица и ја стави на раната со намера да ја спали раната. Го изгоре.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
ФЕЗЛИЕВ: Ви се молам една чиста крпа, госпоѓо. На нашиов пријател му се слоши. Јас ќе земам... (Излегува во кујната.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во неа - во голема чиста крпа го завиткаа Мацко, се поздравија со дедото, не сокривајќи ја лутината, и заминаа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Зелено нане се сушеше на бела чиста крпа распослана пред термо-печка, и собата мирисаше пријатно и свежо.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Така, свиркајќи со устата, патникот стаса пред вратата на градот Солун.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
На масата беше вечерата покриена со бела чиста крпа, тој ја креваше крпата, безволно јадеше, често и не седнувајќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во рацете селанецот носеше голема, од врбови прачки плетена кошница, која згора беше покриена со бела, чиста крпа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)