чист (прид.) - работа (имн.)

Не е чиста работата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова нешто не е чиста работата. Никој не дава за црни очи.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Дури, се чу еден глас дека ни на тој Ѓунијата не му била чиста работата со Русите. Кој знае!...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој, мојата половина ја продава во млин, а јас добивам пари на рака. - Убаво, чиста работа. - дофрли Саво.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мене ми дал бог, а ти немаш. (Пишува на колено.) Оди кај мене и дај го ова пусулче, па ќе ти дадат газие и сол.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)