чист (прид.) - свест (имн.)

Единствено доминираше некаков идеален мир, некаква атмосфера на чиста свест каде што нема простор за човечка реакција ниту потреба за љубопитност, ниту желба за знаење.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И во секојдневниот живот, состојбите на будност и конвенционално чиста свест се несомнено неопходни поради голото преживување во светот на бројни опасности коишто мораме да ги совладаме, да правиме со нив компромис или да ги заобиколиме.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Реков дека тоа што сум го напишал е напишано при сосема чиста свест и совест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)