човечки (прид.) - крв (имн.)

Кажувајте, бре, тозлуци ќе направам од вашите кожи, од чабур ќе ви ја пијам крвта.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ако замислиш нема педа земја што не е натопена со човечка крв и нема чекор земја во која не лежи закопан човек...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Завршуваше најмачниот данок во човечка крв, наложен од победничката религија врз една победена религија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И веќе знаев дека сѐ ќе е брзо готово, дека земјата обеспокоена од ѕверското будење на човечката крв нѐ чека да нѐ награди со црви, нас или тројцата со фесови: дотрча Ганка и се наведна над мајка си, се обиде да ја крене на нозе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Битолските улици биле попрскани со невина човечка крв.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)