човечки (прид.) - череп (имн.)

Од нејзиниот скут нѐ гледа и оголен човечки череп.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во електронската меморија неколку преувеличени мозочни функции се проектираат од човечкиот череп врз неживи објекти со чија помош тие функции можат да бидат набљудувани и манипулирани.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Од голема сила, тревата попушти и косата се покажа на опкосената ледина, но Сиве виде за неа закачен човечки череп Не малку се исплаши сиромашецот Сиве оклештените заби и пропаднатите очни дупки, но веднаш се сети дека не е жив човек и се заинтересува за неговата судбина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овојпат Томо ѝ објаснуваше на Рада која беше малку „боса“ со историјата. Кулава е изградена од човечки черепи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)