човечки (прид.) - и (сврз.)

Навечер, во затемнетиот стан, го вклучував телевизорот и гледав срушени куќи, уплакани луѓе, човечки и животински лешеви.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Инсталацијата беше лесно изведена бидејќи во Друштвото „Осамени срца“ членуваа и угледни луѓе од различни професии кои, како што самите велеа, „ги поврзува долгогодишно човечко и деловно пријателство“, а тоа за службите отвораше неограничени можности за реализирање на својата дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Мора да се следи отисокот на зборовите, трагата нивна во каменот, оти друг начин нема, оти и ловецот по својот елен оди по трагите од нозете, по следите негови“, велеше Филозофот на нашето чудење од каде му истекна таква ука да чини умножение на таков начин, таму каде рака човечка и калем не достигаат.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И самата е тајна од билиони и билиони честици на тајни човечки и на природата.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Иако вршиме одредени тестирања врз животни, физички експерименти врз жив човечки мозок етички не се оправдани.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Истражувањата се изведуваат на мртви човечки и животински мозоци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но кој да помисли на несреќата во оваа сплотена човечка и козја радост?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За сиве овие години Ѓорче беше за мене сѐ: и мој животен идеал и совест човечка и самата Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)