чуден (прид.) - работа (имн.)

Чудна работа. Не знаев дека Симон е уапсен кога со тракторот застанав до куќата, но мртов да сум, ако не осетив некоја вомјаза.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Зошто чудна?“ „Чудна, а тоа се гледа и кај животните,“ рече Клара, па праша: „Кажи ми кои животни, според тебе, имаат нешто најмајчинско во себе?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А и таа поврзаност на утроба со детето е чудна работа.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чудна работа ми паѓа у очи како тоа на сите јавувачи успех им стои, а толку несреќни се јавуваат кај дотичнава особа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Човековата смрт е многу чудна работа. Кога бев дете, често размислував за нејзината вистинска смисла. Ми изгледаше застрашувачка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Размислував, анализирав и тестирав на луѓето околу мене. Правев чудни работи.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)