шарен (прид.) - марама (имн.)

На масата до нашата седнуваат двајца млади: таа во жолт костим и шешир во иста боја и сламена торба подврзана со шарена марама, а тој во спортски гакици, ама не во тон со неа!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Маестро Миха, држејќи до својот углед, а придржувајќи ја шарената марама околу непотстрижениот врат и брадосаниот грклан, ги испрати до излезот на бараката и патем им го покажа своето уметничко легло (мала ама самостојна просторија, нешто како портирница; или стражарница, како што би се изразил генералот, упатен во некогашната намена и на бараката, и на другите бараки, и на секој дел од логорот).
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кате му ја најде на закачалката зад вратата во бањата старата шарена марама со која си ги заштитуваше јамките да не му ги изгори сонцето.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)