шарен (прид.) - појас (имн.)

А за муграта на тргнување, кога молчелив и замислен, со кавалот во шарениот појас, брзаше и ги прекосуваше свидните, родни места...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа по бела кошула - од мајкини раце ткаена, од нејзини раце везена, со шарен појас - ѕуница на половината.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Внатре имаше светкав шарен појас и писменце: „Ти В, никогаш не веруваше во мене.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Неговата стројна снага ја красеше шарен појас, со реси.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Брзо го сопаша селскиот шарен појас.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)