шарен (прид.) - предено (имн.)

Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Зашто тој и Руса, таа веќе престана да носи цветно венче на главата и во рацете кошница со шарени предена, по цел ден, Јован секогаш напред и пред себе со утот, на кој постојано свиреше, акаа низ полето и низ гората.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)