шарен (прид.) - птица (имн.)

Дијамантски рудници, распеани палми, шарени птици на дланка.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Од надворешната страна има нацртано шарена птица, феникс, а од внатрешната е огледало. Има место и за ставање пудра.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми ѝ објасни дека пудриерата ја купил во некоја старинарница, а мајка ми обожава стари предмети, колку постари- толку повеќе ѝ се допаѓаат, а од ова огледалце просто не може да се одвои. Го носи со себе каде и да оди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таму, на сина основа имаше една мала шарена птица со раширени крилја, слична на онаа што ја видов на килимот што Миру го ткаеше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од далеку заличуваа на вистински бели и шарени птици.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)