шарен (прид.) - фустан (имн.)

Иако на никој од гостите не им значеа ништо имињата на нејзините братучетки, Мариела посебно нагласуваше, покажувајќи со прстот на девојче во шарен фустан, дека девојчето на фотографијата е таа, застаната меѓу Николина и Фанија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од далеку не може да се разликува дали е девојка или жена; почесто со раката ја зафрлува косата зад главата, а понекогаш и со замавнување на главата како да излегува од вода; се чини како повремено да ги облизнува узните и ја отвора чантата да се види во огледалцето; на себе има шарен фустан со цвеќиња како да е дел од цветната алеа околу неа; фустнот и е затегнат и ѝ се оцртува напнатите гради како никулци што про'ртуваат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)