широк (прид.) - поглед (имн.)

XXI Илко пред да легне болен, шеташе низ селото, шеташе по околните места, потседнуваше во шумичките, ливадите, градините, падините на брегот, крај реката, изворите, чешмите, ги опфаќаше со широк поглед, ги впиваше во себе, ги допираше со рацете - како да се простуваше со нив за секогаш, за навек.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас секогаш му се восхитував на широкиот поглед и на начитаноста на рускиот човек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Јас одлично ве сфатив. О! Јас сфаќам!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се тегнеше, ги полнеше градите со свежина и ги згрташе со својот широк поглед чукарите, буките, ливадите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Игуменот ги поведе на чардакот од каде им се отвори широк поглед на целиот манастирски простор.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од северната страна на градината, низа липи се лизгаат од зеленото кои нешто потемно, согласно со доаѓањето на летото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Главните соби, пак, истакнува Викам, добиваат широк поглед кон надвор, па господарите на колсилскиот замок можеле да уживаат во разновидната панорама на околните шуми.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)