широк (прид.) - река (имн.)

Кога ја оставивме пролетта зад себе и кога влеговме од едно лето, микро, во друго, календарско и долго, стасавме до широка река.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Патуваше така Зоки од еден мал град во едно големо село, па покрај една широка река до едно долго море, дојде во една тесна улица, а потоа изби на еден малечок плоштад, па виде една ниска планина и се искачи на една висока рамница, и сѐ така патуваше и патуваше по целиот, по целиот свет...
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„Само до колена“, си вели и дотаму влегува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Писателот плива во широката река, а заедно со него пливаат и ликовите за кои тој пишува.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не сакав да го видат двајцата никаквеци.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)