широк (прид.) - јавност (имн.)

Можно е современите читатели ова да не ги шокира како читателите во 1931, затоа што во меѓувреме нашата култура ја асимилира Теоремата на Гедел, како и некои други револуционерни концепти: теоријата на релативност и квантната механика, и нивните шокантни филозофски пораки веќе продреа до широката јавност, иако можеби амортизирани со неколку слоја превод (а често и обскурност).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, Марсел, кога зборувате за неуважувањето од страна на широката јавност и велите дека сликате за себе, зарем тоа не го прифаќате како сликање за една идеална публика, за публика што би Ве респектирала, само доколку би се потрудила?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Постмодернистичката градба, со цел кратко да се одреди нејзината дефиниција, е соодветна едновремено за барем два различни слоја на население: за ангажираното малцинство што се грижи за специфичните архитектонски проблеми, како и за широката јавност или жителите што живеат на едно место и за кои се важни прашањата на комфор, традиционалниот начин на градба и сопствениот начин на живеење.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)