јавен (прид.) - сектор (имн.)

ЗРО е основен и општ материјален закон [lex fundamentalis и lex generalis] коj, како примарен или супсидијарен правен извор, се однесува на сите вработени во РМ – без оглед дали имаат зас­ новано работен однос во приватниот или, пак, во јавниот сектор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, Законот за вработените во јавниот сектор, кој се однесува и на административните службеници, ги содржи истите ограничувачки одредби за начинот на штрајкување како и Законот за државните службеници (чл. 27, ЗДС и чл. 32, ЗВЈС).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
До нови промени дојде во 2014 година кога се изврши групирање на работните места согласно Законот за вработените во јавниот сектор105 и тоа на: (1) јавни службеници; (2) даватели на јавни услуги во јавните претпријатија и (3) помошно - технички лица (чл. 4 од ЗИДЗЈП/фев.14), па согласно оваа поделба за вработените во јавните претпријатија кои вршат работи од административна природа во врска со нивниот работен однос се применува Законот за административни службеници106 и колективните договори (чл. 5 од ЗИДЗЈП/фев.14), додека пак за давателите на јавни услуги и помошно-техничкиот персонал освен ЗЈП, се применуваат и Законот за вработените во јавниот сектор и колективните договори, како и општите прописи за работните односи соодветно (чл. 6 и 10 од ЗИДЗЈП/фев.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Главата III насловена како „Класификација на работните места во јавниот сектор“ не е усогласена со Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија, конкретно со чл. 48 каде е уредено дека „со колективните договори на ниво на работодавец ќе се врши групирање на одделни работи, односно работни места во одредени групи на сложеност”.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На овој начин, со ваквото формулирање се отвора сериозен простор за превработеност во јавниот сектор и за злоупотреба на институциите, преку вработување на кадри чија компетитивност и стручност е спорна, а наместо тоа се отвора можност за вработување на кадри согласно нивната политичка подобност, што е спротивно на овој Закон каде се јасно пропишани начелата на стручност, компетитивност, професионална етика, непристрасност и објективност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Од овие закони претходно во оваа трудово - правна студија веќе се анализирани Законот за работни односи, Законот за мирно решавање на работните спорови, Законот за агенции за привремени вработувања, Законот за евиденциите во областа на трудот и Законот за вработените во јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во чл. 7 насловен како „Начело на управување со ефектот на вработените“ се предвидува оценување на вработените во јавниот сектор преку нивно континуирано следење.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Пред интервенцијата на Уставниот суд, Законот за безбедност и здравје при работа содржеше една дискриминаторска одредба според која одредбите на овој закон се однесуваше на сите дејности во приватниот и јавниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско и инвалидско осигурување и сите лица кои се вклучени во работниот процес, но со одредбите не беа опфатени куќните помошнички.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
На ова се надоврзува чл. 30 од Законот кој предвидува дека на вработените во јавниот сектор кои усно или писмено пријавиле сомневање или имаат сознание дека е извршено, или се извршува или е веројатно дека ќе се изврши некое кривично дело против службената должност или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се загрозува јавниот интерес, безбедноста и одбраната, им се обезбедува заштита согласно со закон и им се гарантира анонимност и доверливост до степен и до момент до кои тој тоа го бара.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Чл. 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор предвидува дека ст. 5 од чл. 17 се менува и гласи „во актот за систематизација на работните места може да се систематизираат најмногу 10% повеќе работни места од работните места за кои се обезбедени финансиски средства за плати и надоместоци во буџетот на институцијата, освен за институциите со помалку од 15 вработени, за кои може да бидат систематизирани најмногу две работни места повеќе.”
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дополнително, одредби кои го регулираат штрајкот, а кои се однесуваат на помал или поголем дел од вработените содржат и: Законот за мирно решавање на работните спорови, Законот за јавните претпријатија, Законот за установите, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за културата, Законот за основното образование, Законот за средното образование, Законот за здравствена заштита, Законот за административни службеници, Законот за судовите, Законот за судска служба, Законот за внатрешни работи, Законот за полиција, Законот за шумите, Законот за одбрана и Законот за служба во Армијата на Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во Глава VI насловена како „Општи права, должности и одговорности и престанок на работниот однос на вработените во јавниот сектор“ се уредуваат општите права и должности на вработените кои произлегуваат од работниот однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Против одлуката за избор на лице со кое ќе се склучи договор за вработување, незадоволниот кандидат има право на жалба до 104 Закон за јавните службеници, Сл.весник на РМ – 52/10, 36/11, 06/12, 24/12, 15/13, 82/13, 106/13 и 132/14. 105 Закон за вработените во јавниот сектор, Сл.весник на РМ – 27/14 и 199/14. 106 Закон за административни службеници, Сл.весник на РМ – 27/14 и 199/14.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ова нормално се однесува и на чл. 16 кој предвидува создавање на Каталогот на работните места како систематизирана листа на работни места во јавниот сектор, организирани во групи, подгрупи, категории и нивоа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Овде воопшто не е јасно дефинирана потребата од постоењето на ваков тип на вработување ако се има во предвид дека во истиот овој став во ал. 2 се предвидува дека раководното лице на институцијата во јавниот сектор може да пополни работно место преку склучување на договор за вработување на определено работно време заради привремено зголемен обем на работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Покрај тоа, речиси во целиот јавен сектор се воведени уште поригорозни услови за отпочнување и/или организирање на штрајк од оние што се предвидени за останатите дејности.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
ЗАКОН ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ И ЗАКОН ЗА СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ Остварувањето на правото на штрајк на вработените во образованието е регулирано со одредбите од Законот за работни односи, Законот за установи, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за мирно решавање на работните спорови.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Целта на овој Закон е уредување на општите начела, класификацијата на работните места, евиденцијата, видовите на вработувања, општите права, должности и одговорности, мобилноста, како и други општи прашања за вработените во јавниот сектор. (чл. 1).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Законот за вработените во јавниот сектор има претрпено само едно изменување и дополнување, од декември 2014 година.59 Со овој закон не се утврдува обврска за колективно договарање, се предвидува контрола на вработените преку недоволно разјаснетиот поим континуирано следење што остава простор за притисок врз вработените, дефинирањето на штрајкот е поставено во премногу рестриктивни рамки како и можноста за законско создавање на превработеност со кадри чија компетитивност е под знак прашалник.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во главата VII насловена како „Мобилност на вработените во јавниот сектор”, мобилноста не е усогласена врз основа на конкретно дефинирани критериуми пред сѐ во насока на утврдување на групи на нивоа кои треба да бидат еднакви во јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
- 2014 (Закон за вработените во јавниот сектор) - се воведе одредба според која хонорарните работници, вработени со договор на дело или авторски договор треба да плаќаат придонеси за задолжително социјално осигурување
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа значи дека со донесувањето на Законот за вработените во јавниот сектор должноста за почитување на ратификуваните меѓународни договори при штрајк важи и за службениците кои претходно беа дефинирани како јавни службеници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Главата V од овој Закон, која носи наслов „Видови вработувања во јавниот сектор“ не е усогласена со главата II - „Посебни одредби од Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија“. 65 Посебно како прашање се наметнува потребата од прецизирање на „поимите” и утврдување на „дефиниции” за „договор за вработување” и „решение за вработување”.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
62 Закон за вработените во јавниот сектор (Д.Л.)
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Кога би се утврдило, тоа би значело дека синдикатот задолжително треба да биде вклучен во постапките што се предмет на предлогот на законот (класификацијата на работните места, видовите вработувања, општите права, должности и одговорности, мобилноста, 58 Закон за вработените во јавниот сектор, Сл. весник на РМ, 27/2014. 59 Закон за изменување и дополнување на Законот за вработени во јавниот сектор, Сл. весник на РМ, 199/2014. 64 како и други општи прашања за вработените во јавниот сектор).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Авторите на оваа анализа сметаат дека оваа глава би требало да содржи и упатувачка норма со која ќе се предвиди дека со колективните договори на ниво на работодавец ќе се изврши групирање на одделни работи, односно работни места и задачи и во сферата на јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Имено, при организирање јавни работи, ако организаторот на работите (кој, согласно член 84 од ЗВОСН, може да биде само работодавец од јавниот сектор) работно ангажира невработено лице корисник на паричен надоместок на јавни работи над 30 дена, тогаш тој има право на надомест од Агенцијата за вработување, месечно во висина на паричниот надоместок на ангажираното невработено лице.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)