јавен (прид.) - служба (имн.)

Зад последниот зафатен шалтер, број 18, отспротива од нервозната седумка, згодна блондика со расеано презрив израз на лицето им ги поттурнува билетите на испотените патници, иако меѓу нив да има железна а не стаклена преграда.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но, ако тоа се среди законски, ако е потребно и со казни, преку некој вид јавна служба што ќе се грижи за точното регулирање и за синхронизацијата на сите градски, односно државни јавни часовници, тогаш нештата сигурно би се подобриле.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Инаку, колку за информација – колку и да звучи чудно и нелогично – кај нас постојат два одделни закона: еден е цитираниот Законот за државните службеници (2000), а другиот е Законот за јавните службеници (Сл. весник на РМ, 52/10).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според чл.3, ст.1, ал.1-2 од овој втор закон јавните службеници се дефинираат како вработени лица кои вршат работи од јавен интерес во дејностите образование, здравство, култура, наука, труд и социјални работи, социјална заштита и заштита на детето, установите, фондовите, агенциите, јавните претпријатија основани од РМ, општините односно градот Скопје, а не се опфатени со Законот за државните службеници; а, пак, под јавна служба се институциите на 57 дејностите образование, здравство, култура, наука, труд и социјални работи, социјална и детска заштита, установите, фондовите, агенциите, јавните претпријатија основани од РМ, општините односно градот Скопје, а не се опфатени со ЗДС. 3.  Парничната постапка се поведува со тужба (чл. 175, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
5.  Работодавачот потребата од работници ја обезбедува преку: 1) огласување на јавен оглас во дневниот печат на товар на работодавачот; 2) објавување во службата надлежна за посредување при вработување, без наплата, во согласност со закон; 3) посредување на службата надлежна за посредување при вработување 68 преку упатување на лица за вработување од евиденцијата на невработените лица и 4) агенција за посредување при вработување со наплата од работодавачот, во согласност со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, орган на државната управа и орган на единицата на локалната самоуправа – потреба од работник се обезбедува со објавување на јавен оглас во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик (чл. 22, ст.1 и 3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од ваквата дефиниција е исклучена административната реорганизација на државните органи и институциите 24 Закон за безбедност и здравје при работа (2007), Сл. весник на РМ – 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13 и 158/14. 30 на јавна служба, како и пренесувањето на административните функции меѓу државните органи и институции.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
ЗИДЗРО (1997) ја ограничи обврската за јавно огласување само кај јавна установа, јавно претпријатие и друго правно лице што врши дејност на јавна служба, државен орган или орган на општината, односно градот Скопје (чл. 3, ЗИДЗРО/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, сепак, штрајкот во вооружените сили, полицијата, органите на државната управа и јавните служби т. е. јавните претпријатија и јавните установи – повторно остана да се уредува со друг посебен закон (чл. 245, ЗРО/05)!? 37.  Според чл. 38 од УРМ (1991): „Се гарантира правото на штрајк. Со закон може да се ограничат условите за остварување на правото на штрајк во вооружените сили, полицијата и органите на управата“ (курзив Д.А.).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Односно, ова право го имаат само оние осигуреници кои се работници во работен однос во претприја- тие и друго правно лице кое врши стопанска дејност, установа, друго правно лице кое врши дејност на јавна служба, државен орган и орган на единиците на локалната самоуправа и во домашно и странско фи- зичко и правно лице, како и лицата на служба во постојаниот состав на Армијата на Република Македонија (чл. 14).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)