јавен (прид.) - тендер (имн.)

Фабриката беше дадена на јавен тендер, на којшто – преку новоформирана фирма, основана на име на неговиот внук, се пријави еден познат македонски капиталист – олигарх од Скопје со политички амбиции, кој е меѓу најбогатите луѓе кај нас (Т.К.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
251 По неуспешните обиди, преку манипулации, лажни ветувања и заплашувања, да го скрши штрајкот, но и по добивањето медиумски публицитет на случајот од неколку локални и национални весници, радија и телевизии – Владата на РМ реши да го раскине договорот за приватизација на оваа компанија, склучен со австрискиот инвеститор [кого и кривично го гонеше и за кого распиша меѓународна потерница] 3 – поради последователно неуплаќање на повеќе рати од истиот и непочитување на предвидената динамика за инвестирање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)