јавен (прид.) - или (сврз.)

И на нашите највисоки државни тужители, ниту на кое и да е друго јавно или приватно лице тоа нема да им биде возможно или дозволено, кога и да е или во каква и да е прилика тоа да се спомнува, обвинува или прогонува на кој и да е суд или судска власт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Или знак, како за овие сега. Или директива. Јавна или тајна.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
По истекот на рокот за пријавување од редот на работниците кои ги исполнуваат условите се врши избор од страна на овластеното лице кај работодавачот кој искажал потреба од работници или овластена јавна или приватна агенција за посредување за вработување од Република Македонија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во дефиницијата на овие два вида вработување, заедничко е што може да се склучат на неопределено или определено време со пократко работно време од полното работно време, согласно со ЗРО или прописите за професионална рехабилитација и вработување на лица со инвалидност и на работно место што е оддалечено најмногу 2 часа возење со јавен или превоз организиран од работодавачот од местото на живеење на лицето до местото на работата и назад, односно 1 час за невработено лице кое живее самостојно со дете на возраст помало од 15 години во рамките на заедничко домаќинство.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
II. Им забрануваме на сите наши поданици без оглед на нивната положба или професија да го оживуваат споменот, да се напаѓаат, да се навредуваат, да се караат и да се предизвикуваат еден со друг со префрлања во однос на она што се случило, без оглед на причината или околоностите, да се расправаат, да се оспоруваат, караат, засрамуваат или навредуваат со дејства или со зборови; нека се совладаат и нека живеат заедно како браќа, пријатели и сограѓани, а кршителите ќе бидат казнети како кршители на мирот и нарушувачи на јавниот ред.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
III. Одредуваме католичката, апостолската и римската вера повторно да биде воведена и воспоставена во сите краишта и места на нашето кралство и земјите што ни се нам покорни, каде што беше нејзиното делување прекинато, и затоа така мирно и слободно ќе се изразува без каква и да е тешкотија или пречка... okno.mk | Margina #32-33 [1996] 94 (...)
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)