југословенски (прид.) - политичар (имн.)

Затоа, на 11 април 1945 година, "Њујорк тајмс" ја пренесува дадената изјава на Југословенската влада, дека таа нема да го покренува прашањето "за инкорпорирање на целата македонска територија, во близина на Југославија, со главен град во Скопје", бидејќи "управната власт на постојната територија е од примарна важност".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
17 Имајќи предвид дека САД во овој период уште не биле во војна со силите на Оската, В. Донован, исто како и при посетата на Бугарија и тамошниот разговор со министерот Филов, извршил силен притисок врз југословенските државници, убедувајќи ги да не пристапуваат кон Тројниот пакт.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Несомнено дека и југословенските политичари калкулирале со македонското национално прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И покрај дадените уверувања од страна на југословенските политичари и генерали дека односите меѓу Кралството Југославија и нацистичка Германија се добри и дека Кралството Југославија не е загрозено од Германија, тие не го увериле американскиот пратеник во искреноста на нивните искажувања.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, експертите сметале дека "српските етнички и историски барања во Македонија, иако жестоко поддржувани, се слаби.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Единствено ако во случај Југославија и Бугарија политички би се обединиле или ако врз основа на најпријателски односи таа основна пречка за југословенското поседување на Солун ја изгуби својата важност, и тогаш југословенските политичари треба да размислат дали ќе биде исплатливо да се добие Солун на сметка на грчкото и исто така на турското непријателство".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)