јужен (прид.) - дел (имн.)

Океанија ги опфаќа двете Америки, атлантските острови, вклучувајќи ги и Британските, Австралазија и јужниот дел од Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другар Курта, целиот централен, северен и јужен дел, заедно со островите и со боковите, бара Правда.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Ги поведе во јужниот дел и им ја покажа ниската капела во која е гробот на свети Наум со неговите мошти, како и самицата во која се лечат болни. Полковниците гледаа со интерес.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Италија на преговорите за демаркационата линија (21-23 април 1941 год) во Виена ги добила териториите на Тетовска, Гостиварска, Кичевска, Дебарска и Струшка околија, и дел од јужниот дел од Охридско и Преспа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Окупацијата ја извршила дивизијата “Фиренца”.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во тоа време во Македонија започнува и производство на свила , но во јужниот дел: гевгелиско, струмичко, Дојран, Радовиш.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој ден, Битола како повторно да се врати во старите добри времиња од преминот на 19тиот кон 20 век, кога беше еден од најважните градови на јужниот дел од балканот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Куќарката на баба Мара беше на крајот од јужниот дел на Битола, во близина на реката Драгор.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Предниот дел од куќата го заплискува езерото, дупи водата на него настојувајќи да го пробие; по ѕидот се оцртуваат темни валкани линии, 'рѓи, останати од езерото кога надојдувало и се качувало нагоре; долниот кат е влажен и во него не се живее; на горниот кат има прозорец што гледа право во езерото; во дворот, што се шири во задниот и јужниот дел од куќата, има бунар чијашто вода доаѓа од езерото низ песочните жилички и која постојано стои на нивото на езерото: кога тоа се повлекува, и бунарот се суши; од бунарот се црпи вода само кога езерото е матно, кога дува југот, и кога од него не може да се пие вода; во куќата се влегува од надворешните скали залепени до ѕидот и заштитени со дрвени пармаци; скалите завршуваат на долгиот чардак од кој се влегува во двете одаи; секоја има јужен прозорец кој гледа во дел од селото и во планинската шума што се протега сè до албанската граница.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во јужниот дел, во Билишта, Корча, Елбасан, па и во Тирана не еднаш наидовме и на луѓе кои одлично или просечно зборуваат македонски.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега сите ја гушкавме нашата Сталинка, небаре сакавме да нè разбере дека никогаш нема да ја прежалиме таа наша голема спаси­телка, сигурно прва жртва на сталинизмот во овој јужен дел од Балканот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)