јужен (прид.) - страна (имн.)

Од јужната страна ќе се јават стотина востаници да ја разделат силата на аскерот, а од запад Толе со своите четници ќе навлева во селото да му се доближи на конакот и да му влезе на Арсланбеј како пред неколку години што му направи кај Сивета во Старавина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На јужната страна на валогот, таму каде што поточето веќе навлегуваше во Рамните Ливади, во папратот што пред десетина години го разорале за да садат компири, откриле траги од некаква стара населба.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Донесе некаде од јужните страни две ластовички и ги насели под нашата стреа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пред самиот мрак, над илјада души четници и востаници ги исполнија ливадите и направија тркало околу самата чешма.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Треба да ги нацрта уште, од јужна страна на срецелото, куќата Јанческа, а од долна, од западна, чифлизите и дуќаните.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Јуруците, муслимани од азијатско потекло, живееја во некои села од јужната страна на планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Густа маса од луѓе веќе ја блокира јужната страна на плоштадот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)