љубезен (прид.) - израз (имн.)

Според редот, прв требаше да се огласи директорот на нашиот театар со непроменливиот љубезен израз - клише на лицето, и кога е тажен и кога е среќен.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го обликувавме шаторот, ги наслушнувавме туѓите чекори и правевме љубезни изрази на лицата. Никој не ни обраќаше внимание.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Брзо го измени пред малку љубезниот израз на лицето во зака­ну­вачки: јас сум ги минал сите граници на однесување во Атеистичкиот музеј, а посебно катастрофално било моето однесување во кафеаната.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)