љубовен (прид.) - игра (имн.)

Не сме смееле да се впуштаме во љубовни игри а потоа да ги отфрламе кутрите заведени индивидуи, а згора на тоа и не сме смееле да глумиме дека не сме ние виновниците во разгорувањето на нивната болка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се гледа дека не му е достатна дотогашната љубовна игра и сака да ја продолжи.)
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Да броиш огништа ноќе, некои расфрлани сонца од соништата кога се распалуваат по покосените ливади, косите на косачите кога светкаат на месечина, кога почнува полноќна љубовна игра меѓу две песни: девојките низ некој темен глас кога ги довикуваат своите момчиња и тие кога им одветуваат...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Љубовната игра е успорено умирање што раѓа двајца мртви.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Градите се Алпи белокосни, пупките на градите зраци оган во снег итн.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Пред тој да дојде - ме уби веста за мојата смрт?“ Не знаеја дека е буден и се збунија, покајнички и смерно, како пред семожен исповедник, намалувајќи се, обајцата до тој миг занесени само со една слатка и којзнае од кога недоживеана љубовна игра.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во таков еден будоар и со тие мисли сега се буди Максимилијан Мертен исполнет од инфантилниот сон и од страста излеана минатата ноќ и забележува дека нема мамурлак, само потешко будење, што сѐ заедно го припишува на мерката со која го пиеше екстравагантниот алкохол што тука, инаку се точи без ограничување и пред сѐ на исцеденоста од љубовната игра што толку благотворно го замори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Максимилијан Мертен помислува, дали тоа Мајснер, неговото второ јас, сега одново го сонува него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)