алал (прил.) - да (сврз.)

Кога ли успеал да ја организира оваа гозба, алал да му е, си дорече секретарот, гледајќи го блажениот и опуштен израз на републичкиот партиски секретар.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Многу деца си направил, вели Витомир, алал да ти се панталоните, - Панталоните не прават деца, му велам јас на Витомир.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Китна и убава е Осогово Планина. Особено во пролет, кога ќе се искитат со зеленило убавите стрмни зелени падини.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Алав да ѝ е на негова мајка, што го доила и пораснала.“ с. Габровник, Велешко
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Штом го прочита писмото, извика: - Алал да му е! Јунак е Гоце Делчев!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Алал да ти е името што го носиш, измеќарка на чорбаџи Теодос!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Алал да му е, каков штос измислил: спреј за заспивање, - си мислев.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вака ли се чистат алишта, глупава Анастасијо? Ова ли е чистота, а? Погледај само овде, погледај (Покажува на палтото.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)