арно (прил.) - се (зам.)

Арно се сеќавам: меѓите со она село што го гледате зад блатово ни беа некаде тука; ако некому му се скршеше ралото стигаше неколку чекори да направи и да земе рало на заим од комшијата ...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Тој тргна неколку чекори натаму, арно се загледа и запре. Не прилегаше како за крчма.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Младите премолчуваа, се чудеа, уште не знаеја што е старост, средовечните се потсмеваа, а постарите најчесто во себе си повторуваа: „Арно се рекло, Господе, чувај нѐ од лоша сетнина!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)