баш (прил.) - така (прил.)

- Баш така и треба - рече Лиле. Да не биде будала како нас...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Баш така! И јас одев со нив и можев што сакам да ставам во количката.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дали затоа што сакаше баш така, да ги види пеплосани, и рисјани и Турци на едно место, знаејќи дека никому не му прави по волја, иако тоа никој не ќе го каже?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Баш така Библијата како со балсам ги слади неутешените гради ...
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
- Земјоделци, служители на Деметра баш така шепотеа за гласот зол, а жените, штом чуја, писнаа од силна мака и коси корнеа од бол.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Очекува дека во оволкава метропола ќе си ги пронајде неговите места каде што успешно би се сокрил од притисоците што ги носи печалбарскиот живот. Ама, не е баш така.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
- Бато, богаташи беа? - Ух, да знаеш само! И базен имаа во дворот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи, продолжувам да си размислувам, не било баш така како што си мислев, и мајка ми сакала да се дружиме, не само јас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)