баш (прил.) - тука (прил.)

И сега, ете то, го теши Митрета и му го изложува својот план: — Каде е на конак аскерот? — Долно маало — одговори Митре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Како, бре слепци, баш ваа вечер најдоте да влезите кога мулазимот од Витолишча со педесет души аскер е в село? — му рече Митре на Илија и почна да се возбудува да не стане некоја штета баш тука, во селото, за кое тој одговара по две линии: како коџабашија пред турската власт, и како организациски човек — пред Организацијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Е, ова е вистинското Порто Рико“, ни велеше ти. „Еве баш тука…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И пак долго ќе се мудрува, баш тука, на плоштадот во Сиена, колку минатото постои во сегашноста и колку иднината ќе постои во минатото?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И пак нема точно да се знае, како што не се знаело и не се знае – има ли и колкава е разликата помеѓу шуплоглавците и полноглавците?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Замислете какво атерирање и, да е иронијата уште поголема, баш тука пред Аероклубот, на ќошот пред споменикот на Стив Наумов.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)