божем (прил.) - мирно (прил.)

Фелдфебелот ги стави рацете на грбот, ги подрасчекори нозете со бели објала препашани со опути, ги поднаду градите за да го постави првото прашање како што треба, ама од тоа и Шишман се подисправи божем мирно по војнички да застане и камчето во џебот тропна, а градите на фелдфебелот му се подиздисаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
-Ти реков дека е ветрот, - ѝ одговорив божем мирно, а во себе страхував: - Леле, ако некој се префрлил преку шпаизот, и ако сега ми се појави на вратата, и ако нè убие...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)