бргу (прил.) - потоа (прил.)

Петре некое време го гледаше бате Јолета наш со некое недоумение, но бргу потоа и, за нас неочекувано, му се насмевна и благо го праша: - Што си дошол ти бре, керата!
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Авторот притоа почувствува како нешто го потстегна околу срцето, но бргу потоа и самиот на себеси си рече: Па, нека биде додека биде.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Кога неочекувано ме здогледа во огледалото пред себе, прво како да се сепна, но бргу потоа се прибра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бргу потоа ѝ рече: „Кога ќе се земеме, не ќе мораш да го менуваш презимето“, рече Едо скоро поткаснувајќи си го јазикот поради смелоста што си ја дозволи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Авторот беше задоволен. Беше уште позадоволен кога бргу потоа, едната од колешките, онаа од нејзината десна страна се сврте да го изгледа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бргу потоа се чу расправија некаде во Карпош. Некои двајца што нешто си довикнуваа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој навистина се зачуди, барем ме погледна со големо внимание, но бргу потоа се накашла како подготовка да си ја продолжи мислата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Устата ѝ беше постојано поднамуртена и не разговараше со нас многу.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Овој пат навистина ми стана непријатно, но бргу потоа сфатив дека ова семејство, покрај другите чудни навики, има и необичен распоред на спиење, поради тоа што мајката и девојчето и онака секогаш спијат заедно, тетин ми спие во собата на ќерката, а синот си спие во собата којашто сега беше "моја".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тогаш Зигмунд ми кажа дека најбогатите, благодарение на влијанието и парите, можат да го избегнат законот, кој забрануваше абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас знаев дека родителите, заради срамот, најчесто ги исфрлале тие млади жени од дома, па тие го завршувале животот од глад, студ, или болест, многу бргу потоа, уште пред да се породат; знаев дека некои од нив, што ќе преживееле до породувањето, го оставале детето во некое сиротилиште, па работеле најтешки работи, заради кои животот не им траел долго; знаев дека имаше и такви кои, не можејќи да го преживеат срамот, а за да ја сочуваат честа на семејството, се убивале без да им кажат на најблиските дека забремениле; знаев дека некои оделе кај приучени луѓе кои им давале да испијат горки течности по што го исфрлале плодот, а понекогаш и самите тие умирале од отровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)