брзо (прил.) - потоа (прил.)

Времетраење на дејството: секое вовлекување на дим предизвикува моментален стимулативен ефект кој брзо потоа се губи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Еве, - брзо потоа рече Шишман.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тетка Рајна, секако, намерно излезе во другата соба и брзо потоа го викна и татко ми таму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
На другиот ден вечерта кога се прибравме дома Ели се пожали од главата. Брзо потоа од стомакот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа прегратка ја чувствував, навистина, срдечно, искрено, но брзо потоа се извлеков од нејзините раце и истрчав на улица, а во ушите како некои други гласови да ми долетуваа однадвор, мамо, мамо...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Добро сторив што брзо потоа му упаднав на Лауша дома и особено што писмата му ги побарав пред жена му, инаку можеби ќе се повлечеше, ќе се извлекуваше на мало пијанство, вака немаше каде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јатакот брзо потоа ме информира дека другарот Пене ноќе се состанува со некоја девојка по име Анастасија, нагалено Таска од селото која тој ја знаел порано, но која била ќерка на многу познат монархофашист и заколнат непријател на нашата света борба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во даден момент, кога во ходникот, во негова близина, немало никој и кога паробродот сè уште не го имал напуштено пристаништето, Манасов го запалил фитилот и брзо потоа се чула силна експлозија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Едно од тие пакетчиња било поврзано со фитилот кој бил така поставен што, во случај ако се укаже потреба, при претресот да може со цигара за миг да се запали и брзо потоа да експлодира.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, брзо потоа се среди.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Перо, загледан во затревениот камењар крај реката, го забави возењето и брзо потоа сосема застана.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)