важно (прил.) - рече (гл.)

„На стариот мој еден другар му кажуваше, а јас стоев до колата и слушав.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Стој и гледај! - важно рече Бојан и почна еден по еден да ги сече лисјата од трнот, внимателно да ги фаќа со два прста и да ги фрла настрана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ане, - важно рече возачот од пенушката на која седеше, небаре во шоферско седиште.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кире веќе нè беше забележал и намина да нè поздрави: - Уживате, а? - важно рече тој, и не ја ни погледна Мишел која се беше претворила во око, и го „голташе“ со поглед.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Не било лесно возачки испит да се положи“, важно рече Влатко.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Дозволете, соседке, јас да ви објаснам што е зима, - важно рече врабецот Џивџик и се наведна преку ќерамидата да го видат ластовиците, а и тој да ги гледа нив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Од денес стариот мој ќе оди на обука.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)