веднаш (прил.) - почувствува (гл.)

Таа го наведна лицето и ги притисна усните на неа и веднаш почувствува нежно галење по косата од другата рака.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но таа помина пред Боцевата берберница во едно убаво пролетно утро, со ведро крената глава, и Соколе веднаш почувствува дека е свршено со мирното созерцавање и дека отсега ќе ја чека само неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Шабтај кој веднаш почувствува дека нешто се случува, на неколкупати се обиде да отвори муабет со снаа му, но таа, што од гордост, што од срам, немаше сила да завлегува во тие теми со свекорот.  Шабтај, пак, дозна по нешто од тоа што се случува со син му.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И кога, по Втората светска војна, и од оваа и од онаа страна на границата, дојдоа на власт комунисти кои се колнеа првин во Сталин, Татко веднаш почувствува дека доаѓа времето што го навести рускиот белогардеец.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)