веднаш (прил.) - прифати (гл.)

- За затворите. - За кои затвори? - веднаш прифати Кате.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дамческите веднаш прифатија но побараа да им биде допуштено тука, каде што им се подигнати колибите, да си соѕидаат куќа, а тој, Мусли бег, ако сака да работат за него, да им додели земја што самите тие ќе ја обработуваат и да издвои добиток и друга живина што само тие ќе ги одгледуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сепак јас продолжив: - Арафат ја водеше палестинската револуција со својот силен вознес на крајот исцрпен од ситните тактизирања, за да биде понесен од лажната стратегија на малите чекори која му беше некогаш наложена како пат на враќање од егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Х.Х. веднаш прифати: - Оставете ја Втората светска војна. Таа мина. Други времиња, други стратегии.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Махмуд Дарвиш веднаш прифати: - Арафат не се прослави со воени битки, ниту во егзил ниту во татковината, но тој беше нашиот голем победник во борбата за одбрана на правото за постоење на Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски веднаш прифати: Имам од мојот пријател порачка да му ја најдам книгата на Nahoum Weissman, Les janissaires, (Librairie Oriant Editeur), 1938.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гостинот веднаш прифати: - Марија и мене ми зборуваше за Вас и за Вашето семејство.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко ми веднаш прифати.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)